Расте бизнисот на градежните компании во странство

14.02.2014 13:23

Вкупната вредност на договорените градежни работи во странство во 2013-та изнесувала скоро 112 милиони американски долари...

Македонските градежни компании лани извршиле градежни работи во странство вредни скоро 43 милиони долари,  што е за 119 % повеќе во споредба со истиот период во 2012-та. 

Вкупната вредност на договорените градежни работи во странство во 2013-та изнесувала скоро 112 милиони американски долари , што е за 0,7% помалку во споредба со истиот период во претходната  година. 

Според Државниот завод за статистика градежниците повеќе работеле во: Франција, Холандија, Србија и Германија, а како нови пазари се јавуваат Индија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Словенија и Либија. 
 
Свето Николовски