Притисок врз Пјонгјанг да се откаже од нуклеарните амбции
Шефовите на дипломатиите на САД и на Јапонија, како и министрите за одбра на двете земји, се договорија да го зголемат притисокот кон Северна Кореја да се откаже од нуклераната и ракетната програма. Оценија дека активностите на Пјонгјанг претставуваат растечка закана кон регионалниот и светскиот мир и безбедност.

Официјален Вашингтон со ново предупредување до Пјонгјанг. Министерот за одбрана, Џејмс Матис изјави дека Северна Кореја ќе се исправи пред тешки военени последици доколку преземе воени дејствија.
„Северна Кореја треба да ги прекине своите опасни активности“, изјави Матис.
Шефовите на дипломатиите на САД и на Јапонија, како и министрите за одбра на двете земји, се договорија да го зголемат притисокот кон Северна Кореја да се откаже од нуклераната и ракетната програма. Оценија дека активностите на Пјонгјанг претставуваат растечка закана кон регионалниот и светскиот мир и безбедност.
„Во однос на заканата од Северна Кореја, се договоривме да го зголемиле притисокот и да ги зајакнеме капацитетите на нашето партнерство“, изјави Ичунори Онодера, министер за одбрана на Јапонија.
Двете страни сметаат дека Кина може да изврши притисок врз властите во Пјонгјанг.
„Ќе ја повикаме Кина да преземе одредени мерки за да изврши притисок врз Северна Кореја да го промени своето однесување“, изјави Таро Кано, министер за надворешни работи на Јапонија.
И додека главните играчи во Корејската криза продолжуваат со жестоката реторика, жителите на островот Гуам, кои се најизложени на заканите од Пјонгјанг, се надеваат дека нема да дојде до ескалација на ситуацијата.
„Јас не сум загрижен. Јапонија има ракети за заштита, а исто и Гуам. Исто така, овде се присутни и Соединетите американски држави“, вели изјави Питер Накацукаса, жител на Гуам.
„Јас сум од Јужна Кореја. Загрижена сум кога престојувам во Гуам, но загрижена сум и кога сум дома. Одамна се подготвуват за ова патување и не можев да го откажам“, вели Ким Су Хиун, турист од Јужна Кореја.
Засега, лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг ун се воздржува од спроведувањето на планот за истрелување ракети кон островот Гуам. Ќе го чека следниот чекор на администрацијата во Вашингтон.
Мартин Пушевски
