Градоначалникот на Кавадарци осуден на два месеца затвор
18.08.2017 14:17
За време на рочиштето, Панов тврдеше дека не го сторил делото и оти не се точни тврдењата на сведокот, Сали Мемедов, дека му дал илјада денари за да гласа за ВМРО-ДПМНЕ.

Градоначалникот Александар Панов, со пресуда на Основниот суд во Кавадарци, е осуден на два месеца затвор за кривично дело „поткуп при избори и гласање“.
За време на рочиштето, Панов тврдеше дека не го сторил делото и оти не се точни тврдењата на сведокот, Сали Мемедов, дека му дал илјада денари за да гласа за ВМРО-ДПМНЕ.
Казната ќе се изврши по правосилност на пресудата.
