Нема да се враќаат сините картони

18.08.2017 15:14

Од денеска нема да се користат сините картони. Министерот за здравство Таравари, реши електронските картички и натаму да се користат. Пациентите, здравствените права можат да ги остварат само со лична карта...

Сините картони нема да се користат, ќе се бара одговорност за печатењето на новите- Министерството за здравство со одлука да продолжат да се користат електронските картички, дури и со истечен рок.

Пациентите ќе може да појдат на лекар само со лична карта. Матичниот лекар или аптеките ќе имаат информација дали лицето е осигурано. Таравари одлуката ја донел по средбата со директорите на Фондот за здравствено осигурување, со претставници на „Мој термин“ и со приватни доктори.

Според Таравари се прават планови за изнаоѓање долгорочно решение. Ќе се бара како што вели, најрационалното. Се бара нов начин, можеби повторно со картички, но кои би важеле 10 или 20 години.

Проектот за електронски картички е почнат во 2010-та, а картичките се користат од 2012-та година. Од здравсво велат дека проблем е што биле нарачени со чип кој истекува на пет години.

 

Дијана Ценевска