Нема кратење на пензиите
Министерката Царовска изјави дека информациите за кратење на пензиите се дезинформација и најави оти доколку буџетот дозволува, ќе има дополнително покачување на пензиите.

Министерството за труд и социјална политика тврди дека нема да се скратат пензиите. Од ресорот објаснуваат дека секој пензионер, согласно со Законот за пензии и усогласувањето со растот на трошоците за живот и платите ќе добива по 180 денари секој месец или 2.160 денари годишно.
Министерката Царовска изјави дека информациите за кратење на пензиите се дезинформација и најави оти доколку буџетот дозволува, ќе има дополнително покачување на пензиите.
Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пак, тврдат дека е укинато покачувањето на пензиите. Според партијата, 300 илјади пензионери нема да добијат за 5 проценти повеќе пари, како што беше планирано и најавено.
