Џафери до Заев: Предлогот за пратенички прашања по локалните избори
18.08.2017 16:32
Ќе се прават измени во Деловникот, кој досега предвидуваше посебна седница за пратенички прашања секој последен четврток во месецот.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери одговори на писмото на премиерот Заев. Вели дека по завршувањето на локалните избори ќе се реализира идејата за поставување пратенички прашања на почетокот на новосвиканата седница, во времетраење од еден час.
Ќе се прават измени во Деловникот, кој досега предвидуваше посебна седница за пратенички прашања секој последен четврток во месецот.
Џафери смета дека транспарентноста и приближувањето до граѓаните е обврска на народните избраници.
