Еден починат и 27 повредени во сообраќајката на автопатот Велес- Скопје

21.08.2017 08:12

Во болниците во Скопје и во Велес биле примени 27 повредени патници. Во скопскиот Клинички центар се примени 17 пациенти од кои четири на КАРИЛ. Еден пациент е со абдоминално крвавење, а тројца со торакални повреди, од кои еден е посериозно. Еден пациент на детската хирургија бил итно опериран, двајца се на неврохирургија, седум се на ортопедија, а тројца се на опсервација во Ургентниот центар...

Едно лице, кое беше потешко повредено во синоќешната сообраќајна несреќа на автопатот Велес- Скопје, почина на КАРИЛ во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Во болниците во Скопје и во Велес биле примени 27 повредени патници.

Во скопскиот Клинички центар се примени 17 пациенти од кои четири на КАРИЛ. Еден пациент е со абдоминално крвавење, а тројца со торакални повреди, од кои еден е посериозно. Еден пациент на детската хирургија бил итно опериран, двајца се на неврохирургија, седум се на ортопедија, а тројца се на опсервација во Ургентниот центар.

На клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ се примени шест лица. Само повозрасен маж е на интензивна нега, но е во стабилна состојба.

Сите други пациенти се надвор од животна опасност. Во градската општа болница „8 Септември“ е примен еден пациент со сериозни повреди, но е во стабилна состојба.

Во велешката болница се примени четири пациенти и сите се надвор од животна опасност.