Исплатени повеќе од 6 милиони евра субвенции за лозарите

14.02.2014 13:58

На 12.615 лозари исплатени им се 386 милиони денари, а само во неготинскиот крај вкупно 105 милиони денари...

Целосно се исплатени субвенциите за лозарите за 2013 година, а поддршката на Владата за лозарите и за земјоделството продолжува и натаму. На 12.615 лозари исплатени им се 386 милиони денари, а само во неготинскиот крај вкупно 105 милиони денари.

„Владата покрај напорите да го развива земјоделството и да обезбеди пласман надвор од државата,  се ангажира и за привлекување на странски инвеститори и отворање нови работни места во овој регион. 900 неготинчани веќе работат во Дрекслермајер. Тоа е потврда дека работите се менуваат на подобро“, истакна вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески денеска, пред лозарите во Неготино, каде по повод празникот Свети Трифун присуствуваше на закројување на виновите лози.

Градоначалникот на Неготино, Ванчо Апостолов истакна дека соработката меѓу винариите, земјоделците и локалната самоуправа е значајна за развој на општина Неготино како еден од водечките лозови региони во Македонија.