Се утврдуваат причините за сообраќајната несреќа
Поради временските услови, синоќа не била целосно завршена истрагата, локацијата се обезбедувала во текот на ноќта, а изутринава продолжило прибирањето на материјалните траги ...

Причините за несреќата која вчера се случи на автопатот Велес- Скопје се утврдуваат, соопшти Основното јавно обвинителство во Велес. По наредба на јавниот обвинител, од возачот на автобусот е земен примерок на крв за анализа и почна прибирање на трагите пронајдени на местото на несреќата, информираат од јавното обвинителство.
Поради временските услови, синоќа не била целосно завршена истрагата, локацијата се обезбедувала во текот на ноќта, а изутринава продолжило прибирањето на материјалните траги од внатрешноста на автобусот и се врши вонреден технички преглед на возилото, велат од обвинителството.
