Тече рокот за пријавување субвенции за нови насади

21.08.2017 10:25

Први септември е крајниот рок за поднесување на барања за субвенции за подигнување нови долгогодишни насади. Овоштарите кои ги исполнуваат условите имаат право на кофинансирање во висина од 50 проценти од вредност на прифатените трошоци.

Неповратната финансиска помош е 50 проценти од трошоците за подигнување на нови повеќегодишни лозови и овошни насади и насади со ароматични и медоносни растенија.

Прцентот на ко-финансирањето се зголемува на 55 отсто доколку барателот е млад земјоделец, за подрачја со ограничени можности на 60 и за инвестиции во недостапни рурални подрачја до 75 проценти.

Субвенцијата се однесува за подигнување на насадите за периодот од 1-ви октомври до 31-ви декември 2016-та година, и од 1-ви јануари до 31-ви август 2017-та година.

Документите за аплицирање можат да се превземаат од веб страницата на Платежната агенција.

Се доставуваат лично или по пошта најдоцна до први септември до кога трае и огласот.

 

Методија Трајков