Сѐ уште нема официјална информација зошто се повлечени српските дипломати

21.08.2017 11:27

Министерството за внатрешни работи презема мерки на зголемена безбедност на објектите на Амбасадата, откако добиле известување од МНР дека српските дипломати се повлекуваат на консулатации.

Македонското министерство за надворешни работи сѐ уште нема официјална информација од Белград зошто се повлечени дипломатите и вработените од Амбасадата на Србија во Скопје.

Министерството за внатрешни работи презема мерки на зголемена безбедност на објектите на Амбасадата, откако добиле известување од МНР дека српските дипломати се повлекуваат на консулатации.

Дека дипломатите се повикани на итни консултации пишувало во нотата која српското МНР ја пратило до македонските колеги, но во неа не биле наведени причините.

Зголеменото присуство на полицијата е во согласност со меѓународните стандарди и почитување на Виенската конвенција при обезбедување дипломатско претставништво, велат од македонското МНР.