Приватни и државни фирми избегнувале плаќање данок на добивка

21.08.2017 12:37

Компаниите се дел од листата на должници што ја објавува УЈП, а против двајца вработени во Управата се води дисциплинска постапка.

37 фирми приватни и мал број државни во 2015-та и 2016-та година свесно биле отстранети од системот за присилна наплата на данок на добивка и со тоа биле затаени милионски суми, велат од Управата за јавни приходи. Со ова биле прекршени работни процедури и професионалноста во УЈП, рече директорката Сања Лукаревска.

Компаниите се дел од листата на должници што ја објавува УЈП, а против двајца вработени во Управата се води дисциплинска постапка.

Лукаревска нагласи дека истрагата ќе се проширува. Меѓу инволвираните, како што истакна, се и лица на високи раководни функции одговорни за мониторирање на системот.