Велија Рамковски излезе од затвор поради лекување

21.08.2017 12:40

Тоа значи дека по неколку месеци Рамковски повторно ќе се врати во затвор. Сепак, постои шанса тој да биде ослободен...

Некогашниот сопственик на Телевизијата А1, Велија Рамковски, по речиси седум години поминати во затворот „Идризово“ денеска излезе на слобода. Беше осуден на 13 години затвор, но добил привремен отпуст за лекување.

Тоа значи дека по неколку месеци Рамковски повторно ќе се врати во затвор. Сепак, постои шанса тој да биде ослободен, доколку до тогаш изминат 8 ипол години откако е притворен.