Почна да се расчистува тетовската дива депонија

21.08.2017 12:44

Со изградбата на новата претоварна станица кај клучката за Требош и добиените средства од 12 милиони денари со ребалансот на државниот буџет очекувам, ако се задржи договорениот интезинтет, просторот за помалку од еден месец да биде целосно исчистен, изјави Арифи.

По завршување на сите процедури за изборот на приватна фирма, со багери и камиони почна расчистувањето на целиот простор од претоварната станица за смет на влезот во Тетово, информира градоначалничката на Тетово, Теута Арифи.

Со изградбата на новата претоварна станица кај клучката за Требош и добиените средства од 12 милиони денари со ребалансот на државниот буџет очекувам, ако се задржи договорениот интезинтет, просторот за помалку од еден месец да биде целосно исчистен, изјави Арифи.

Потоа ќе се изврши дезинфекција, дезинсекција и дератизација. Според Арифи, новата претоварната станица има капацитет да го прифати сметот што се собира од Тетово. По извршената селекција тој ќе се транспортира во регионалната депонија Русино или во скопска Дрисла.

Тетовци бараат чист воздух. На протест го искажаа револтот. Обвинија дека нивниот град веќе 13 години е претоварна станица.