Заедничка воена вежба на САД и Јужна Кореја
Еден месец откако Пјонгјанг успешно лансираше две интерконтинентални балистички ракети, Јужна Кореја и Соединетите Американски Држави ја почнаа големата годишна воена вежба. Двете страни тврдат дека има одбранбен карактер. За Северна Кореја, ова е провокација и проба за инвазија на нејзината територија. Во Сеул протест против маневрите...

САД и Јужна Кореја на нова заедничка воени вежба поради растечките закани од Пјонгјанг. Маневрите се одвиваат по кодното име „Улчи – бранител на слободата“. Ќе траат до крајот на месецов. Учествуваат 50 илјади јужнокорејски војници и речиси 17.500 американци.
Вежбите имаат одбранбен каракатер и симулираат одговор на евентуален напад од Северна Кореја. Претседателот на Јужна Кореја посочи дека маневрите немаат цел да ги зголемат тензиите на Полуостровот. Побара Северот да не ги користи како оправдување за нови провокации и ракетни тестови.
„Северна Кореја треба да сфати дека заедничките одбранбени вежби меѓу Јужна Кореја и САД ќе продолжат поради постојаните провокации од нивна страна. Се надевам дека нашите владини и воени претставници се подготвени за каква било провокација од Северот поради годишната вежба. Барам нашиот народ да биде пообединет од кога било претходно“ – изјави Мун Је Ин, претседател на Јужна Кореја.
Сепак, има и такви кои не го делат мислењето на претседателот. Активисти излегоа на протест пред неговата резиденција и американската амбасада во Сеул, револтирани од почетокот на меневрите. Носеа транспаренти со барање да запрат воените вежби и нуклеарните тестови.
„Денеска почнаа заедничките воени вежби меѓу Јужна Кореја и САД. Мислам дека требаше да се намали нивниот интензитет или целосно да се прекинат, бидејќи можат да ја испровоцираат Северна Кореја“ – изјави Чои Бујанг Хиун, активност за мир од Јужна Кореја.
Пјонгјанг веќе гледа провокација во маневрите. Северна Кореја ги смета како проба за инвазија на нејзината територија, а тамошнирте медиуми ги оквалификуваа како „несовесни“ акции кои може да доведат до нуклеарна војна.
Заедничката вежба меѓу Сеул и Вашингтон доаѓа еден месец откако Пјонгјанг успешно лансираше две интерконтинтални балистички ракети, што резултираше со нови санкции. Пред почетокот на маневрите, повеќе земји предупредија дека вежбите можат да долеат масло на огнот.
Мартин Пушевски
