ВМРО-ДПМНЕ: Владата троши милионски суми на советници

21.08.2017 13:23

Државата ќе ги плаќа 9 милиони денари годишно неквалитетните советници, изјави Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Неспособноста на СДС да управува со државата не може да ја покријат ниту 13 советници на Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Државата ќе ги плаќа 9 милиони денари годишно неквалитетните советници, изјави Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Единствената надеж за спречување на тотален крах на државата предизвикан од неспособноста на оваа влада за граѓаните лежи во шансата која им се дава на локалните избори на 15-ти октомври да ја делегитимираат оваа пат и мат влада. Пат и мат влада која и се потребни месец дена да го угаси пожарот во струшката депонијa. Пат и мат влада која учи да плива додека гори целата држава. Влада која сите позитивни проекти кои ги отпочна или планираше да ги започне ВМРО-ДПМНЕ ги запре на штета на граѓаните на нашата држава, рече Арсовски.