Голема Богородица, 28 август, неработен за граѓаните од православна вероисповед

21.08.2017 15:55

Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) е неработен ден за граѓаните од православната вероисповед во Република Македонија...

Понеделник 28 август 2017 година, Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) е неработен ден за граѓаните од православната вероисповед во Република Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

Од Министерството на граѓаните од православната вероисповед им го честитаат празникот.