Почнува да се решава проблемот со депониите
За Тетово е избрана компанијата „Голец транс“ да го дислоцира сметот. Отпадот од Струга ќе се транспортира во депонија што ќе ја договори општинското комунално претпријатие, а дивата ќе се затрупува...

Владата информираше дека почнува да се решава проблемот со депониите. За Тетово е избрана компанијата „Голец транс“ да го дислоцира сметот. Отпадот од Струга ќе се транспортира во депонија што ќе ја договори општинското комунално претпријатие, а дивата ќе се затрупува.
Градоначалничката на Тетово очекува просторот кај претоварната станица за помалку од еден месец да биде целосно исчистен, ќе се изврши дезинфекција, дезинсекција и дератизација. Нова претоварна станица ќе се гради кај клучката за Требош, а отпадот ќе се транспортира во регионалната депонија Русино или во скопска Дрисла.
Невладината Еко-герила, пак, излезе на протест, порача дека е загрозено здравјето на граѓаните.
