Отворена осмата Школа за млади лидери
„Неопходно за секое општество е да има луѓе кои ќе водат и ќе го трасираат патот кон успехот“ – претседателот Иванов на отворањето на осмата школа за млади лидери. Има 40 учесници и 22 предавачи...

Вие сте генерација која сака да го промени светот. Оваа школа ќе ви помогне да станете уште поуспешни- со овие зборови, преседателот Иванов им посака добредојде на 40-те учесници на осмата школа за млади лидери. Им порача- за водење и раководење се потребни вештини. Пред вас се моменти за нови креации и мотивации, да развиете нови идеи и проекти.
Младите лидери очекуваат да се стекнат со потребните вештини. На годинашната школа има 22-ца реномирани предавачи од врвни образовни и професионални институции од Република Македонија, Европската унија, САД и Кина. Ќе ги пренесат своите знаења, искуства и видувања за лидерството. Учесниците црпат знаења и искуства од врвни менаџари на компании како ТАВ, ЕВН Македонија и други.
Школата за млади лидери е иницијатива на претседателот Иванов. Во изминатите седум години на школата учествуваа 280 млади луѓе и над 160 реномирани предавачи.
Наташа Гркова- Петрушевска
