Тече рокот за увид во избирачкиот список за локалните избори

21.08.2017 16:56

Почна да тече 15-дневниот рок за увид во списокот за локалните избори. Граѓаните до 9-ти септември можат да поднесат барање за запишување, дополнување или бришење на податоци...

Жестока дебата на седницата на ДИК за изборот на градската комисија за претстојните локални избори. Членовите од ВМРО-ДПМНЕ побараа целосен список на администрацијата од кој треба да се направи случаен избор за 10 членови. Тие се сомневаа дали информацијата која им ја достави министерот за информатичко општество е комплетна, зашто како што тврдат, и тој имал сомнеж во веродостојноста на податоците, кои ги собрал од државните институции.

Од другите членови, беше потенцирано дека списокот на административци не бил никогаш спорен, зашто и порано од истиот состав биле избирани општинските изборни комисии, како и членовите на Изборачките одбори.

Претседателот на ДИК, посочи дека е неспорно дека методологијата за изборните органи се применува во сите изборни процеси.

Почна да тече 15-дневниот рок за увид во списокот за локалните избори. Граѓаните до 9-ти септември можат да поднесат барање за запишување, дополнување или бришење на податоци.

 

Игор Панов