Сѐ уште се утврдуваат причините за несреќата на автопатот Велес- Скопје

22.08.2017 10:16

Според досегашните анализи, возачот од засега непознати причини, изгубил контрола врз автобусот, со голема брзина првин удрил во металната ограда, а потоа слетал во бездна.

Полицијата и велешкото Основно јавно обвинителство сѐ уште ги утврдуваат причините за несреќата што се случи на автопатот Скопје-Велес, во која беа повредени 28 патници.

68-годишна скопјанка им подлегна на повредите на КАРИЛ. Според досегашните анализи, возачот од засега непознати причини, изгубил контрола врз автобусот, со голема брзина првин удрил во металната ограда, а потоа слетал во бездна.

Од туристичката агенција што го организираше летувањето, велат дека се работи за релативно нов автобус, и очекуваат од МВР да ги открие вистинските причини за несреќата.

По наредба на јавниот обвинител, од возачот на автобусот е земен примерок на крв за анализа, а завршено е и прибирање на трагите пронајдени на самото место, кои ќе се користат во натамошната истрага.

Дополнителниот технички преглед на автобусот треба да ги каже вистинските причини за сообраќајната несреќа.