Убиен напаѓачот од Барселона

22.08.2017 10:28

Застрелан е 40 километри од Барселона, откако полицијата добила дојава за неговата локација од страна на вработен на бензиска станица. На себе носел појас со лажни експлозиви.

Шпанската полиција го застрела Јунес Абујакуб, главниот осомничен за нападите во Барселона. 22- годишниот Мароканец со комби прегази пешаци, усмртувајќи 13 лица.

На шеталиштето Ла Рамбла беа повредени над 100 луѓе. Застрелан е 40 километри од Барселона, откако полицијата добила дојава за неговата локација од страна на вработен на бензиска станица. На себе носел појас со лажни експлозиви.

Муслиманите во Барселона излегоа на протест против тероризмот по двата напади во кои загинаа вкупно 15 луѓе. Исламска држава ја презеде одговорноста.