Трамп со нова стратегија за Авганистан
Претставувајќи ја новата воена стратегија во базата Форт Маерс, Трамп потенцираше дека целта на обновениот план е да се спречи засолнувањето на групите кои сакаат да ги нападнат САД.

Американскиот претседател Доналд Трамп го зголемува бројот на војници во Авганистан. Претставувајќи ја новата воена стратегија во базата Форт Маерс, Трамп потенцираше дека целта на обновениот план е да се спречи засолнувањето на групите кои сакаат да ги нападнат САД.
„Заклучив дека постојат многу безбедносни закани со кои се соочуваме во Авганистан и поширокиот регион. Нема повторно да градиме нации. Ние убиваме терористи“, изјави претседателот Трамп.
Трамп често ги критикуваше стратегиите на своите претходници, но ги наследни истите предизвици, меѓу кои е и враќањето на Талибанците и слабата влада во Кабул. Челникот на Белата куќа најави и построг пристап кон Пакистан.
