Нова ротација унгарски полицајци на јужната граница
Во наредниот период, се очекуваат повеќе мигранти по копнен, отколку по воден пат, посочуваат од унгарската полиција.

Нова роатација на унгарските полицајци на македонско-грчката граница. Вчера од Будимпешта појдоа 30 полициски службеници за спречување на незаконската миграција.
Во наредниот период, се очекуваат повеќе мигранти по копнен, отколку по воден пат, посочуваат од унгарската полиција.
„Ги извршуваме задачите во Македонија со нашите возила, со себе ја носиме и опремата, уредите и службеното оружје. Безбедноста на луѓето стана важна како никогаш досега“, изјави Јено Жекунда, потполковник на унгарската полиција.
Според унгарските власти, на српската страна од границата со Македонија, мигрантите ги чекаат криумчарите, за потоа да бидат префрлени преку Србија во Унгарија. Неделно, околу 200 мигранти на овој начин влегуваат незаконски на унгарската територија.
