Раст на потрошувачките и станбените кредити, пад кај автомобилските

22.08.2017 11:22

Меѓу одобрените кредити, потрошувачките имаат месечен раст од 1,1, а станбените од 0,5 проценти. Кај автомобилските кредити продолжен е надолниот тренд, при што на месечно ниво намалувањето е 0,9 проценти, а 10,8 на годишно ниво.

Кредитирањето во јули годинава бележи раст од 0,3 проценти, што се должи на зголеменото кредитирање на домаќинствата. Кај корпоративното кредитирање има намалување.

Според податоците на Народната банка, кредитите на домаќинствата бележат месечен раст од 0,8 насто, а 9,8 на годишно ниво. Меѓу одобрените кредити, потрошувачките имаат месечен раст од 1,1, а станбените од 0,5 проценти. Кај автомобилските кредити продолжен е надолниот тренд, при што на месечно ниво намалувањето е 0,9 проценти, а 10,8 на годишно ниво.

Кредитите на претпријатијата бележат намалување од 0,2 насто како резултат на намалување на девизното кредитирање, кое, како што наведуваат од Централната банка, го надминува растот на денарското кредитирање.

Депозитите во јули бележат мало намалување од 0,1 процент и го надминува растот на депозитите од корпоративниот сектор.