Пожар на Ростов на Дон

22.08.2017 11:33

Граѓаните се сомневаат дека пожарот бил подметнат зашто претприемачите за недвижнини сакале да го присвојат земјиштето.

120 згради беа опожарени во Ростов на Дон, југозападна Русија. 45 лица се хоспитализирани, вклучувајќи и соработник на министерство за вонредни состојби и полициски службеници, кои помогнаа во борбата против огнот.

Жителите во погодените области ќе добијат еднократен паричен надомест од 20.000 рубли. Граѓаните се сомневаат дека пожарот бил подметнат зашто претприемачите за недвижнини сакале да го присвојат земјиштето.