Коѕиас на 30-ти и 31-ви август во официјална посета на Македонија

22.08.2017 12:03

Според информациите на ИБНА со седиште во Атина, шефот на грчката дипломатија ќе има средби со македонскиот државен врв, а ќе се разговара за билатералните односи меѓу двете земји, како и за зајакнувањето на довербата.

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас на 30-ти и 31-ви август ќе престојува во официјална посета на Македонија, јави Независната Балканска новинска агенција (ИБНА). Засега нема официјална потврда од грчкото МНР.

Според информациите на ИБНА со седиште во Атина, шефот на грчката дипломатија ќе има  средби со македонскиот државен врв, а ќе се разговара за билатералните односи меѓу двете земји, како и за зајакнувањето на довербата.

Посетата на Коѕиас на Скопје е возвратна, по престојот на неговиот македонски колега во Атина во јуни.

За време на посетата на Коѕиас на Скопје во јуни 2015-та година, тој и неговиот домаќин, тогашниот министер за надворешни работи Никола Попоски, договорија 11 конкретни мерки за градење доверба меѓу двете земји, во повеќе области.