СДСМ: Еднакви услови за работа на фирмите
Како што се наведува во соопштението, владата предводена од СДСМ, интензивно работи на санирање на направените штети, создава подобри и еднакви услови за работа на сите фирми, со што им помага во нивниот развој во интерес на сите граѓани.

Поранешни функционери во Управата за јавни приходи од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на незаконски начин им овозможиле на 37 фирми да бидат изземени од законските постапки за наплата на милионски долгови, поради неплаќање данок, велат од СДСМ. Со ова свесно создавале нелојална конкуренција повластувајќи одредени фирми на штета на сите други кои редовно си ги плаќале обврските кон државата, стои во дописот.
Како што се наведува во соопштението, владата предводена од СДСМ, интензивно работи на санирање на направените штети, создава подобри и еднакви услови за работа на сите фирми, со што им помага во нивниот развој во интерес на сите граѓани.
Од партијата потенцираат дека по спроведување на целосната истрага ќе следува одговорност, бидејќи законот мора да важи за сите подеднакво.
