ВМРО- ДПМНЕ: СДС ја исцеди државната каса
Од партијата велат дека во време на ВМРО-ДПМНЕ, Македонија беше земја со најниски даноци, УЈП драстично ја намали даночната евазија, буџетот беше во добра кондиција. Сите вработени во УЈП кои беа откривани дека несовесно ја вршат работата беа законски санкционирани.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ посочува дека СДС ја исцеди државната каса. Поради неспособноста на Заев и тесната група околу него се заканува крах на буџетот. Нема пари ниту за ветеното покачување на пензиите, ниту за просечна плата од 30.000 денари, стои во дописот.
Од партијата велат дека во време на ВМРО-ДПМНЕ, Македонија беше земја со најниски даноци, УЈП драстично ја намали даночната евазија, буџетот беше во добра кондиција. Сите вработени во УЈП кои беа откривани дека несовесно ја вршат работата беа законски санкционирани.
СДС треба веднаш да ги казни тие што не работеле согласно со прописите. Оправдување за хаосот и неизвесноста во кои што СДС ја турка државата нема и не може да има. Одговорност за несовесното работење на функционерите мора да има и ќе има.
Првата пресуда ќе биде изречена од народот на 15-ти октомври, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.
