Совет на јавните обвинители

Вршител на должноста Јавен обвинител в четврток

22.08.2017 13:06

Дека влегуваат во трката за наследник на Зврлевски досега потврдија адвокатите Ѕвонко Давидовиќ, Александар Тортевски, Александар Наков и универзитетскиот професор Сејфула Османи.

Советот на јавните обвинители в четврток треба да решава кој ќе биде вршител на должноста државен Јавен обвинител. Владата пак, како што беше најавено во петокот треба да ја почне процедурата за именување нов обвинител.

Дека влегуваат во трката за наследник на Зврлевски досега потврдија адвокатите Ѕвонко Давидовиќ, Александар Тортевски, Александар Наков и универзитетскиот професор Сејфула Османи.

На денешната владина седница се очекува да се најде заклучок со кој ќе му предложи на Собранието да објави оглас кој трае 15 дена. Сепак, е извесно дека новиот јавен обвинител ќе биде избран дури по локалните избори, бидејќи процедурата може да трае и повеќе од еден месец со оглед на тоа што кандидатите треба да добијат мислење од Советот на јавните обвинители, а Владата само еден ќе предложи како кандидат до Собранието.

Зврлевски беше разрешен од Парламентот на последната седница пред одморите. Опозицијата не присуствуваше на гласањето, бидејќи сметаше дека со тоа се крши Изборниот законик.

Функцијата државен Јавен обвинител привремено ја врши Лилјана Спасовска, бидејќи беше прва на годишниот распоред според кој се утврдува кој ја извршува функцијата ако Јавниот обвинител е спречен да го прави тоа.