Беснеат пожари во Хрватска

22.08.2017 14:25

Пожарот на планината Промина тешко дека ќе биде локализиран, а на помош на пожарникарите им пристигнаа два канадера, два ер-трактора и 100 припадници на хрватската војска.

Поради пожарите кои беснеат во Хрватска, објавена е тревога за сите пожарникари, изјави главниот командир на Пожарникарската служба на Хрватска, Славко Туцаковиќ.

Пожарот на планината Промина тешко дека ќе биде локализиран, а на помош на пожарникарите им пристигнаа два канадера, два ер-трактора и 100 припадници на хрватската војска.

Пожарникари, локални жители, ловци и планинари успеале да го изгаснат пожарот во Лишњак, меѓутоа се уште гори во Велушиќ.

По триесетината пожари кои вчера избувнаа во Задарската жупанија, се претпоставува дека се подметнати.