Дополнителна заштита за лицата со попреченост
Родители на деца со посебни потреби и здруженија, седнаа на иста маса со министерстерката за труд и социјала. Бараат исти права и финансиски надоместок како згрижувачките семејства, поедноставување на постапката и менување на критериумите за некои категории. Царовска им одговори дека петте од многуте барања на иницијативата „5 до 12“ ќе бидат исполнети.

Воведување персонални асистенти за луѓето со попреченост, остварување право на туѓа нега за мобилност, слепило или глувост, без разлика на примањата, туѓа нега да добиваат и луѓето со умерена попреченост, укинување на конзилијарното мислење за туѓа нега. Ова се дел од новините кои се предвидени со измените во законите за социјална и за детска заштита на кои работи Министерството за труд и социјална политика.
Родителите на деца со посебни потреби бараат изедначување на правата на биолошките и згрижувачките семејства, како и додаток за мобилност да добиваат и лица со умерена, тешка и најтешка интелектуална попреченост, а имаат комбинирани пречки.
Здруженијата, родителите и надлежните бараат решение и за згрижување на лицата со посебни потреби по смртта на нивните родители преку деинституционализација.
Наташа Јанчиќ
