Дел од повредените во сообраќајката кај Велес на домашно лекување
Од Министерството за здравство сооштија дека од Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар се пуштени петмина пациенти, а уште осум повредени сѐ уште се лекуваат.

Дел од повредените во сообраќајката кај Велес се пуштени на домашно лекување. Од Министерството за здравство сооштија дека од Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар се пуштени петмина пациенти, а уште осум повредени сѐ уште се лекуваат.
На Клиниката за неврохирургија има еден хоспитализиран пациент, како и уште еден на клиниката за торакална хирургија. Од клиниката по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ ќе бидат пуштени тројца пациенти и остануваат уште двајца повредени. Пуштени дома се и пациентите од Велешката болница.
Надлежните институции сѐ уште работат на утврдување на причините за несреќата кај Велес.
