Неискористени 150 милиони евра од ИПА фондовите
Македонија не искористила речиси 120 милиони евра од европскиот инструмент ИПА. Се прават напори да не се изгубат уште 30- информираше македонската влада. Најавен нов план и реформи за да се зголеми капацитетот на администрацијата за искористување на средствата...

Остануваат уште 150 милиони евра неискористени пари од ИПА фондовите до крајот на годинава. Од владата информираат дека дел од проектите кои нема да се завршат ќе бидат реализирани со пари од буџетот. За идната година се најавуваат проекти според итноста и рочноста.
Министерот за финансии, Драган Тевдовски изјави дека средствата од ИПА фондовите се од големо значење и помош, за што е потребно да се води поголема грижа за оваа поддршка од ЕУ.
Владата ќе изработи нов мастер- план кој ќе биде поделен во три етапи за поефикасно користење на ИПА средствата, информира вицепремиерот за европски прашања, а воедно и координатор за ИПА фондовите, Бујар Османи.
Европската унија финансиски ја потпомага Република Македонија досега преку два ИПАпакета. ИПА 1 пакетот од 2007-ма до 2013-та и ИПА 2 пакетот од 2014-та до 2020-та.
Дијана Ценевска
