Италија одново без премиер

14.02.2014 14:46

За првпат во историјата, Италија веројатно ќе го добие најмладиот премиер, 39-годишниот Матео Ренци ...

Енрико Лета, италијанскиот премиер поднесе оставка по барање на неговата Демократска Партија којашто повика на составување нова администрација.

За првпат во историјата, Италија веројатно ќе го добие најмладиот премиер, 39-годишниот Матео Ренци кој се залагаше за смена на Лета поради севкупната неизвесност во земјата. Падот на владата не влијаеше на финансиските пазари, што беше случај порано. Лета беше само 10 месеци премиер на Италија. Иако харизматичен и амбициозен, евентуално новиот премиер Ренци има само локална политичка кариера.

Тој е актуелен градоначалник на Фиренца и му недостига искуство во политичката арена  во Рим. Невработеноста во Италија достигна највисоко ниво во последните 40 години,  со пад од 9 проценти на економијата во последните седум години.

Најголем раст на невработеноста е забележан кај младите, со дополнителен пад на семејните приходи и на животниот стандард.