Феникс: Протести против Трамп
23.08.2017 10:38
Полицијата ги растера демонстраните кои ги нападнале со шишиња и камења пред Конгресниот центар во Феникс каде што имаше говор претседателот Доналд Трамп...

Полицијата во Аризона употреби димни бомби и солзавец за да ги растера демонстраните кои ги нападнале со шишиња и камења пред Конгресниот центар во Феникс каде што имаше говор претседателот Доналд Трамп.
Во 80-минутното обраќање, покрај тензиите со Северна Кореја, економските односи со Мексико и со Канада, медиумските политики, мигрантската политика, беше опфатен и проблемот со расизмот, пред се, поради инцидентот во Шарлотсвил во кој имаше и жртви.
Претседателот Трамп го почна и го заврши својот говор со апел за обединување на сите Американци.
