Вучиќ: За неколку дена ќе биде вратен персоналот во Амбасадата во Скопје

23.08.2017 10:03

Србите и Македонците се многу блиски народи, независно од тоа какви им се властите и уверен сум дека во понатамошните разговори меѓу раководствата ќе постигнеме успех и ќе најдеме решение, рече Вучиќ во интервју за РТС...

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ во интервју за националната телевизија изјави дека нема никаква причина за голема загриженост поради кризата во односите меѓу Белград и Скопје и оти српската влада морала да ја заштити државата.

Србите и Македонците се многу блиски народи, независно од тоа какви им се властите и уверен сум дека во понатамошните разговори меѓу раководствата ќе постигнеме успех и ќе најдеме решение, рече Вучиќ.

Коментирајќи ја изјавата на шефот на македонската дипломатија Никола Димитров, тој изјави дека знаат што е правено, дека тоа е правено на многу повисоко ниво и оти тоа не им се прави на пријателите.

Најави дека за неколку дена ќе биде вратен персоналот во Амбасадата во Скопје и оти работите ќе се нормализираат. Не очекува односите да бидат на највисоко ниво, туку, како што наведе, пристојни.