Тилерсон го засили притисокот врз Пакистан
23.08.2017 11:06
Оваа средноазиска земја има специјален статус на земја-партнер која не е членка на НАТО, а добива помош од милијарди долари.

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон го засили притисокот врз Пакистан во однос на поддршката од Исламабад за талибанците од Авганистан. Се закани дека владата ќе ги загуби привилегиите од САД доколку не се смени однесувањето на пакистанските власти.
Оваа средноазиска земја има специјален статус на земја-партнер која не е членка на НАТО, а добива помош од милијарди долари.
Во новата воена стратегија за Авганистан, стои и обврската на Американците да им помагаат на авганистанските сили во борбата со талибанските бунтовници.
