Почна постапката за избор на нов јавен обвинител

23.08.2017 10:45

Кандидатите треба да добијат мислење од Советот на јавните обвинители, а владата ќе предложи само еден како кандидат до Собранието.

Владата му предложи на Собранието да ја почне постапката за избор на нов државен јавен обвинител. Рокот за пријавување на кандидатите е 15 дена од објавувањето на огласот во Службен весник.

Кандидатите треба да добијат мислење од Советот на јавните обвинители, а владата ќе предложи само еден како кандидат до Собранието.

Советот на јавните обвинители утре ќе решава кој ќе ја врши должноста на местото на Зврлевски, кој беше разрешен од парламентот на последната седница пред одморите.

Опозицијата не присуствуваше на гласањето зашто сметаше дека со тоа се крши изборниот законик.

Функцијата државен јавен обвинител привремено ја врши Лилјана Спасовска, бидејќи беше прва на годишниот распоред според кој се утврдува кој ја извршува функцијата ако јавниот обвинител е спречен да го прави тоа.