Заев: СДСМ е фаворит на претстојните локални избори
Граѓаните ги препознаа новите политики и вредности што носат повисок животен стандард, повеќе пари за граѓаните, професионални и независни институции, стои во соопштението.

СДСМ е фаворит и е целосно подготвен за убедлива победа на претстојните локални избори, потенцирал синоќа лидерот на партијата Заев пред членовите на Централниот одбор и на општинските организации.
Граѓаните ги препознаа новите политики и вредности што носат повисок животен стандард, повеќе пари за граѓаните, професионални и независни институции, стои во соопштението.
Од партијата додаваат дека со победата на СДСМ на локалните избори, почнатиот процес на реформи ќе продолжи и на локално ниво.
СДСМ не ја исклучува можноста за коалициски настап на локалните избори со други политички партии врз основа на принципи и вредности коишто ги штитат граѓанските и државните интереси, стои во дописот.
Миле Зечевиќ е избран за шеф на изборниот штаб.
