Шпанија: Судење на осомничените напаѓачи
Нападите во Барселона и во Камбрилс биле импровизирани откако куќата во којашто правеле експлозиви била уништена во случајно активирана бомба.

Осомничените за убиствата во Каталонија купиле ножеви и секири во периодот меѓу првиот и вториот напад. Деталите се обелоденети откако судијата во Мадрид нареди двајца обвинети да останат в затвор без право на кауција, третиот да добие привремено ослободување, а четвртиот да биде во тридневен притвор.
Нападите во Барселона и во Камбрилс биле импровизирани откако куќата во којашто правеле експлозиви била уништена во случајно активирана бомба.
По детонацијата во која загинаа неколку членови на групата, преостанатите изнајмиле комби со кое прегазија цивили во Барселона. Во Камбрилс, групата изврши напад со ножеви.
Во Каталонија загинаа 15 луѓе, а над 130 беа повредени. Во меѓувреме, мароканските власти уапсија две лица, осомничени за контакт со оваа група.
