СОНК: Нема услови за двосменско работење на градинките

23.08.2017 14:35

Одлуката е крајно избрзана, без соодветни подлабоки анализи како тоа да се изведе, сметаат од Синдикатот за образование, наука и култура.

Одлуката на министерството за труд и социјална политика за двосменско работење на градинките од први септември е избрзана, смета Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК).

Одлуката е крајно избрзана, без соодветни подлабоки анализи како тоа да се изведе. Ние како синдикат кој има обврска да ги штити правата и интересите на работниците, изнесовме низа прашалници, бидејќи на нашите членови и на нас како раководство не ни е јасно како ќе се одвива двосменското работење, велат од СОНК.

Од синдикатот имаат забелешки бидејќи не биле повикани да го искажат нивниот став.