Мадуро бара помош од Ватикан

23.08.2017 15:17

Откако неговиот американски колега Доналд Трамп спомена можна акција во земјата којашто се справува со сериозна политичка криза, Мадуро издаде наредба за национална воена вежба на 26 и 27 август.

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро бара помош од Ватикан поради воените закани од САД.

Откако неговиот американски колега Доналд Трамп спомена можна акција во земјата којашто се справува со сериозна политичка криза, Мадуро издаде наредба за национална воена вежба на 26 и 27 август.

Побара и разговор со челникот на Белата куќа, а најави и консултации со руските државници за време на посетата на Москва.