Централен регистар ланската добивка наместо во Буџетот ја уплатил на „Бетон“
Од Илинденска број 2 објаснија дека претходното раководство на Централниот регистар, иако немало правна основа, на барање на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, му префрлил пари на „Бетон“ за изградба на зграда каде е сместена оваа институција.

Централниот регистар ланската добивка наместо во буџетот ја уплатил на сметката на градежната компанија „Бетон“- соопшти Владата. Се работи за износ од 22 милиона денари.
Од Илинденска број 2 објаснија дека претходното раководство на Централниот регистар, иако немало правна основа, на барање на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, му префрлил пари на „Бетон“ за изградба на зграда каде е сместена оваа институција.
Со ова, според Владата, е нанесена штета на редовното работење на Централниот регистар.
На актуелното раководство на институцијата му е наложено да ја преиспита правната основа за одлуката.
