Слаба искористеност на средствата од ИПА програмата во земјоделството
Од расположливите 67 милиони евра од ИПА 1 програмата во секторот земјоделство биле искористени само 27% односно 11 милиони евра. Според вицепремиерот Бујар Османи рекордниот број апликации за ИПА 2 програмата охрабрува и се очекува поефикасно искористување на ЕУ средствата. Државната фитосанитарна лабораторија е успешен пример за соодветно искористување на парите од ИПА програмата во аграрот, вели ресорниот министер Љупчо Николовски.

Малиот број аликации односно немањето доволно средства за кофинансирање и неекспедитивната евалуација на надлежните инситуции се главни причини за слабата искористеност на средствата од ИПА програмата во земјоделството.
„Тоа што го забележавме како најалармантно беше компонентата 5 од ИПА 1 пакетот во земоделството,каде што од вкупно расположливите 67 милиони евра кои што биле достапни на Македонија, биле контрактирани 18 милиони евра,односно реализирани 11 милиони од нив. Што значи искористеност од само 27%“, изјави вицепремиерот за економски прашања, Бујар Османи.
Според Османи, за ИПА 2 програмата, од која ни се ставени за располагање 60 милиони евра, има рекорден број поднесени апликации и ќе се работи на подобрување на експедитивноста за да се зголеми искористеноста на европските средства. Државната фитосанитарна лабораторија е успешен пример за користење на ИПА средствата, со кои е набавена најсовремена опрема, која заедно со едуцираниот кадар овозможува изготвување на сите анализи кои се потребни за извоз на овошје и зеленчук во ЕУ,смета ресорниот министер Љупчо Николовски.
„Со оваа високо софистицирана лабораториска опрема со која е опремена оваа лабораторија, таа станува еден регионален центар, покрај лабораториите во Солун и во Софија. Тоа е една гордост, една добра практика која што треба да биде пример и зџа останатите институции, за сите капацитети, за правецот во кој што треба да бидат креирани проектите, со цел да имаме успешна релизација на средствата кои што ни доаѓат од ИПА програмата“, изјави министерот за земјоделство, Љупчо Николовски.
Државната фитосанитарна лабораторија со ново отворените работни места, секоја година го зголемува бројот на извршени анализи со набавената опрема преку ИПА програмата, што е потврда за одржливоста на проектот. Во 2015- та виле извршени 598 анализи на присутност на речиси сите пестициди што се користат во земјава. Лани нивниот број е зголемен на 915,додека за годинава се планираат над 1500 анализи, односно за половина повеќе од 2016-та.Поседувањето соодветен сертификат е услов за извоз на домашните земјоделски производи во земјите членки на ЕУ.
Свето Николовски
