Вардар претпазлив со Вакер Тун
Македонскиот ракометен шампион Вардар в недела (18 часот) го пречекува швајцарскиот Вакер Тун во последниот натпревар од групната фаза во Лигата на Шампионите. Црвено-црните бркаат нова победа која би била отскочна штица за евентуален прогрес и до втората позиција на табелата но само со триумф во Париз против ПСЖ во последната рунда во групата „Ц“.

Во овој момент се фокусирани единствено кон швајцарскиот состав кој во Скопје доаѓа како аутсајдер, со само еден освоен бод, но токму во арената „Борис Трајковски“ и тоа против Металург. Затоа, капитенот Филип Лазаров пред новинарите денеска беше претпазлив и најави максимално сериозен пристап во натпреварот:
„ Тун го има епитетот аутсајдер, има само еден освоен бод, но во претходните дуели покажа дека игра своја игра, до крај, борбено и со тимски дух. Ако им се дозволи секогаш се подготвени да казнат и да изненадат, како што беше во мечот со Металург. Тоа треба да ни биде поука да не се опуштаме, зашто ниту еден меч не е лесен и однапред добиен“, изјави капитенот на Вардар Филип Лазаров.
Предводникот на Вардар Раул Гонзалес Гутиерез, кој е задоволен од залагањето и односот на ракометарите и на тренинзите и на натпреварите, смета дека Тун го пречекуваат без притисокот што го имаа пред гостувањето на Динамо Минск, но ќе играат со ист интензитет од тој двобој.
„ Натпреварот ќе го искористиме да одработиме нови тактички детали, кои ќе ни користат во наредните мечеви. Ова не значи дека натпреварот е помалку важен. Напротив, работевме со засилено темпо цела недела, се подготвувавме за еден хомоген противник, кој нема што да загуби. Против Барселона се убедливо поразени но се држеа рамнправно 25 минути и очекувам и против нас да одиграат добро“, изјави тренерот Раул Гонзалес на денешниот прес пред натпреварот со Вакер Тун.