Русија против проширувањето на санкциите за Пјонгјанг, бара дијалог
24.08.2017 10:46
Заедно со Кина, од САД и од Јужна Кореја побараа да запрат со воените вежби коишто се изведуваат во период на зголемени тензии на полуостровот...

Официјална Москва се спротивставува на проширувањето на санкциите кон Северна Кореја и бара дијалог меѓу страните во конфликтот.
Заедно со Кина, од САД и од Јужна Кореја побараа да запрат со воените вежби коишто се изведуваат во период на зголемени тензии на полуостровот поради нуклеарните проби и усовршувањето на нуклеарното оружје од страна на Пјонгјанг.
