Путин: Економското зближување на ЕУ и Украина е добредојдено

14.02.2014 15:37

Рускиот претседател Владимир Путин изјавил денеска на средбата со шефот на германската дипломатија Франк Валтер-Штајнмаер дека би поздравил економско зближување на Украина со ЕУ.

Тоа го изјави извор од делегацијата на Штајнамер, кој е во посета на Русија. Германскиот министер ќе се сретне и со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

- Путин рече дека чекорите за економско спојување меѓу ЕУ и Украина се добредојдени, додаде изворот.

Изјавата на рускиот претседател е спротивна на зборовите на Лавров, произнесени на заедничката прес-конференција со Штајнмаер, дека ЕУ сака да создаде „сфера на влијание“, притискајќи ја Украина да воспостави потесни врски со Западот.