Алексоски: Не сум овластен да давам одобренија за престој во Собранието, Живаљевиќ бара алиби
Сметам дека тоа го направил за преку мене да обезбеди алиби и да го оправда неовластеното и непрофесионално однесување, спротивно на законите во Република Македонија, нагласува Алексоски.

Не сум овластено лице кое дава одобрение за престој во Собранието на Република Македонија, ниту пак на кој било друг орган на државната управа, истакнува во изјава за МИА, Синиша Алексоски, советник за национална безбедност на претседателот Иванов.
Сметам дека тоа го направил за преку мене да обезбеди алиби и да го оправда неовластеното и непрофесионално однесување, спротивно на законите во Република Македонија, нагласува Алексоски.
Поранешниот советник за безбедност во Амбасадата на Србија во Македонија, Горан Живаљевиќ, синоќа ги негираше тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека македонските институции не му дале одобрување да влезе во Парламентот за време на инцидентот на 27-ми април.
Тој потенцираше дека за престојот во Собранието добил одобрение од советникот за безбедност на шефот на државата, Синиша Алексоски.
