Евтина тарифа на струјата од октомври
За ваквата мерка владата ќе обезбеди 8 милиони евра што ќе се добијат со заштеди на државните компании „ЕЛЕМ“ и „МЕПСО“...

По два часа дневно евтина струја од 14 до 16 часот, вклучително и сабота, а во недела 24-часа. За ваквата мерка владата ќе обезбеди 8 милиони евра што ќе се добијат со заштеди на државните компании „ЕЛЕМ“ и „МЕПСО“.
Исполнуваме уште една од ветените владини мерки. Ја враќаме евтината тарифа на струјата. Ова ќе ја чини државата осум милиони евра. Тие пари ги враќаме на граѓаните, а најмногу ќе заштедат посиромашните, истакна премиерот Зоран Заев на денешната прес- конференција..
Според вицепремиерот Кочо Анѓушев, домаќинското работење на компаниите ќе биде изворот на средства. Додаде дека такви заштеди се веќе направани.
Заев и Анѓушев нагласија дека оваа мерка нема да има влиание на покачување на цената на струјата и не се коси со европската регулатива.
